Франција

Полицијата уби напаѓач што прободе неколку минувачи во парк кај Париз

Маж прободе неколку минувачи во парк во близина на Париз пред да биде застрелан од полицијата, јавија локалните медиуми.

Нападот со нож се случи во градот Вилжјуиф, 7 километри јужно од француската престолнина.

Се верува дека четири лица биле прободени со нож, меѓу кои и двајца за кои се тврди дека починале, јави Би-би-си.

Напаѓачот бил гонет од полицијата, а потоа и застрелан. Некои француски медиуми објавија дека носел експлозивен елек, но тоа не е потврдено.

Полицијата ги советувала луѓето да ја избегнуваат областа близу паркот.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе