Во 82 руски града

Полицијата уапси над 1.500 приврзаници на Навални на протестите низ цела Русија (ВИДЕО)

Руската полиција уапси повеќе од 1.500 приврзаници на осудениот опозициски лидер Алексеј Навални на протестите низ целата земја со кои бараа да биде ослободен.

Фото: ЕПА

Илјадници демонстранти се собраа во центарот на Москва, по повик од соработниците на Навални, чија здравствена состојба е многу лоша, бидејќи штрајкува со глад повеќе од три недели.

Групата ОВД-инфо, специјализирана за политички апсења, изјави дека многу демонстранти биле уапсени пред почетокот на протестот, а меѓу нив се и двајца блиски соработници на Навални.

Според последните податоци од таа група, во 82 града се уапсени 1.496 лица, а најмногу во Санкт Петербург, околу 600 лица.

Соработниците на Навални вчера ги повикаа граѓаните да излезат на неодобрените протести, откако викендов беше објавено дека неговата здравствена состојба одеднаш се влошила.

Засега нема прецизни податоци за масовноста на вчерашните протести низ цела Русија и неизвесно е дали тие ќе го достигнат интензитетот на јануарските, кои избија по апсењето на Навални, најпознатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Московската полиција изјави дека 6.000 луѓе протестирале во главниот град, додека еден набљудувач за каналот Јутјуб на Алексеј Навални изјави дека има 60.000 луѓе.

Протестите беа закажани на денот на годишното обраќање на Путин до нацијата.

Во своето обраќање, Путин ги обвини странските влади дека се обидуваат да ѝ ја наметнат својата волја на Русија. Путин, кој никогаш не го споменува јавно името на Навални, не прецизираше на кого се однесува критиката, но познато е дека западните влади остро го критикуваа третманот на уапсениот опозиционер и повикаа на ослободување.

Навални (44) штрајкуваше со глад пред повеќе од три недели во знак на протест поради тоа што затворските власти не му дозволија да го прегледа приватен лекар, поради силна болка во грбот и губење на чувствителност на нозете.

Тој беше уапсен на 17 јануари, веднаш по враќањето во Русија од Германија, каде што заздравуваше пет месеци од труење со нервен агенс од советската ера, за што го обвинува Кремљ.

Руските власти ги отфрлаат овие тврдења, го обвинуваат Навални за соработка со западните разузнавачки служби и го доведуваат во прашање и самото негово труење, кое е потврдено од повеќе европски лаборатории.

Во февруари, судот во Москва го осуди Навални на две и пол години затвор, менувајќи му ја условната казна од 2014 година во затворска, затоа што не се пријавил навреме до надлежниот орган, додека се опоравувал од труење во Германија. Навални ја оценува пресудата за измама од 2014 година како политички мотивирана.

Апсењето на Навални доведе до бран протести на десетици илјади луѓе во јануари низ Русија, во повеќе од 100 градови. На тие протести, чии учесници побараа ослободување на Навални, полицијата уапси повеќе од 10.000 луѓе.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе