Полицијата уапси еден од најбогатите и највлијателни Словаци

Словачката полиција во средата го уапси Јарослав Хашчак, еден од најбогатите и највлијателни луѓе во земјата.

Screenshot

Хашчак пред новинарите изјави дека не знае за што го обвинуваат.

Според локалните медиуми, апсењето на шефот на инвестициската група Пента е најдраматичниот потег во серијата апсења откако во февруари 2018 година беше убиен истражувачкиот новинар Јан Кучијак.

Повеќе од 20 години Хашчак важел за најмоќен меѓу т.н. словачки олигарси кои, наводно, уживале систематска поддршка од политичарите.

Информативниот портал Актуалити.ск, на кој работел Кучијак, се повикува на извори блиски до истрагата и известува дека постојат докази за вмешаност на Хашчак во прикривање докази.

Досега немало доволно докази за да се обвини Хашчак.

Групацијата Пента се претставува како „водечки играч на пазарот на недвижнини во Словачка, Чешка и Полска“. Поседува банки и финансиски компании во Чешка и Словачка и е главен акционер во словачките и чешки медиуми, како и во словачкото приватно здравство.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе