Протест против ограничувањата

Полицијата со водени топови врз демонстранти во Амстердам (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку илјади луѓе одржаа денес во Амстердам недозволен протест против националниот карантин воведен за успорување на ширењето на епидемијата на коронавирусот во Холандија, пред да ги разбрка полицијата.

EPA-EFE

Демонстрантите се собраа на плоштадот пред уметничката галерија Ријксмузеум и Музејот „Ван Гог“ носејќи транспаренти „Слобода – сопрете ја оваа опсада“ и скандирајќи: „Што сакаме? Слобода!“

Никој од собраните не носеше маска, кои не се задолжителни, а само некои од нив одржуваа физичка дистанца, јавува Франс прес.

Властите не издадоа дозвола за одржување на протестот.

Откако демонстрантите одбија да се разотидат, полицијата употреби водени топови за да ги разбрка.

Холандската влада ги затвори школите и повеќето продавници во декември за да го намали ширењето на вирусот, а неделава го продолжи карантинот за уште три недели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе