Полицијата со солзавец ја растера геј-парадата во Истанбул (ФОТО+ВИДЕО)

Турската полиција употреби солзавец за да ја растера толпата собрана на Парадата на гордоста вчера во центарот на Истанбул и приведе неколку лица што сакаа да учествуваат во настанот, кој локалните власти го забранија.

Фото: ЕПА

Ројтерс ја сними полицијата како турка и влече луѓе, од кои некои вееја знамиња во боите на виножитото, додека се собираа на улица во близина на централната авенија Истиклал.

Фото: ЕПА Фото: ЕПА

Приведени се околу 20 лица, меѓу кои и еден фоторепортер, објавија медиумите.

Турските власти во последните години неколку пати ја забрануваа Парадата на гордоста. Претходно илјадници луѓе учествуваа на овие паради по улиците на Истанбул. Турција одамна е кандидат за влез во Европската Унија, но нејзиниот процес на пристапување е отежнат од различни прашања, вклучително го и почитувањето на човековите права.

Во заедничкото писмо во четвртокот повеќето лидери на ЕУ ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата на ЛГБТ-заедницата во време на спор со Унгарија, чиј парламент минатата недела го одобри законот за забрана за дистрибуција на материјали во училиштата што, според властите, ја промовираат хомосексуалноста и промена на полот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе