Полицијата со солзавец и водени топови им се нафрли на пожарникарите на протест во Париз (ФОТО+ВИДЕО)

Француската полиција за разбивање толпи употреби солзавец и водени топови во судирот со пожарникарите кои протестираат во Париз незадоволни од условите за работа.

Пожарникарите се обидоа да се качат на железната ограда на долниот дом на францускиот парламент, а полицајците на нив испукаа солзавец, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите потоа се преместија во источниот дел на француската престолнина, каде се судри со полицијата која повторно употреби солзавец.

Илјадници пожарникати се собраа на денешниот протест во Париз, изразувајќи незадоволство поради ниските плати и тешките услови за работа. Пожарникарите порачаа дека сакаат да знаат дали имаат поддршка од владата.

Протестот на пожарникарите се одржува по сличните протести на полицајците на улиците на Париз.

На денешниот протест се собраа пожарникари од цела Франција.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе