Полицијата со солзавец ги растера антикомунистичките демонстранти во Хонг Конг (ФОТО+ВИДЕО)

Полицијата денес со солзавец ги растера стотици демонстранти, кои во парк во Хонг Конг повикуваа на демократски реформи и осуда на комунизмот.

Собирот на стотици демонстранти е последно во низата неуморни акции против владата од јуни кога граѓаните на Хонг Конг излегоа на улиците за да се спротивстават на законот за екстрадиција во Кина, кој оттогаш е повлечен.

Протестите што се претворија во борба за демократија и барање за независна истрага за полицискиот однос кон демонстрантите, се со послаб интензитет во последните неколку недели.

Полицијата во неделата ги запирала граѓаните и вршела претрес во близина на очекуваните демонстрации.

Оклопни возила и водени топови биле видени во неделата во центарот на Хонг Конг.

„Сите се свесни за ризикот од запирање на демонстрантите и масовни притвори. Ги ценам граѓаните на Хонг Конг кои смело излегуваат на улиците и покрај ризикот“, рече организаторот на протестот Вентус Лау.

„Се собравме тука денес да му кажеме на светот дека кинеската Комунистичка партија ги повредува човековите права, религијата и демократскиот развој без срам - и без страв“, изјави еден од организаторите пред насобраните.

На протестот во недела, повеќе од илјада луѓе во паркот опкружен со највисоките облакодери во Хонг Конг извикуваа продемократски слогани.

Неколку офицери во цивилна облека биле претепани додека преговарале со организаторите, веднаш по 16 часот. Маскирани демонстранти ги претепале со чадори, при што најмалку двајца се со крвави рани на главата, пренесе АФП.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе