Владата најави заострување на мерките

Полицијата со солзавец ги брка демонстрантите против рестрикциите во Германија (ВИДЕО)

Полицијата употреби денес солзавец во Берлин против учесниците на протестниот собир против рестрикциите за коронакризата, во близина на зградата на германскиот парламент, каде пратениците го усвоија законот за заострување на сојузните мерки против пандемијата.

EPA-EFE

Полицијата претходно преку разглас ги повикала илјадниците собрани демонстранти да заминат.

Во близина на историската зграда на Рајхстагот, според извештаите на полицијата, се собрале околу 8.000 демонстранти, а само дел од нив носеле заштитни маски.

Протестите беа организирани поради гласањето во долниот дом на германскиот парламент Бундестаг за законот кој на сојузната влада ѝ дава поголеми овластувања кога станува збор за борбата против пандемијата на коронавирусот, на сметка на покраините кои се инаку надлежни за здравството.

Со законот треба да се овозможи подеднаква примена на „итната сопирачка“ во областите во кои коронавирусот пребрзо се шири. Намерата е да се прекине примената на различни мерки кои 16-те германски сојузни покраини ги усвоија како одговор на пандемијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе