Околу 50 луѓе почнаа да одат кон главниот парк во градот со знамиња со виножито, и покрај фактот што турските власти ги забранија ЛГБТК-настаните.
Полицијата ја спречи колоната да стигне до паркот, а организаторите велат дека се уапсени најмалку 30 учесници на прошетката.
Мала група противници протестираа поради прошетката во близина на паркот.
Првиот „Прајд“ во Турција се одржа во 2003 година, една година откако партијата на сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган дојде на власт.
Во последните години турските власти воведоа остар пристап кон одржувањето јавни настани на групи што не се религиозно конзервативни, потсетува француската агенција Франс прес.
Минатиот месец, повеќе од 300 учесници на „Прајд“ во Истанбул беа накратко уапсени откако настанот беше забранет.
Фото: ЕПА