Полицијата го освоила плоштадот Таксим (ВИДЕО)

Турската полиција утринава влегла на плоштадот Таксим, на кој веќе речиси две недели се одржуваат големи антивладини протести во кои учествуваат неколку десетици илјади луѓе. Стотици полицајци користеле солзавец и водени топови за да ги разбркаат активистите кои утринава се собрале на плоштадот, јавува Би-би-си.

Овој потег се случил откако премиерот Реџеп Таип Ердоган се согласил да се сретне со демонстрантите. Оклопни возила и стотици „до заби“ вооружени полицајци го опколиле плоштадот утринава, по што почнале да ги пробиваат барикадите поставени од демонстрантите.

Новинарот на Би-би-си, кој се наоѓал на плоштадот, тврди дека станува збор за намерна демонстрација на сила од страна на полицијата, бидејќи протестите биле сосема мирни. Досега во протестите биле повредени најмалку 5.000 луѓе, додека службената статистика покажува дека четири лица загинале. Сепак, невладините организации во Турција и демонстрантите тврдат дека бројот на загинатите е поголем.

Молкот на медиумите и понатаму трае

Поголемиот дел од турските медиуми и понатам у избегнува да известува за она што се случува на улиците низ земјата. Иако турскиот премиер Ердоган уверуваше дека ситуацијата ќе се смии до неговото враќање во земјата, тоа не се случи. Токму спротивното, насилството дополнително се засили.

Освен оставки од власта, демонстрантите бараат и оставки на врвот на полицијата поради бриталноста за која најдобро сведочат страшните снимки од протестите кои покажуваат како полицијата тепа дури и случајни минувачи, не штеди на користењето солзавец и водени топови и безмилосно се пресметува со демонстрантите.


Во Анкара против демонстрантите со боеви куршуми!

Обвинителството во Анкара отворило истрага околу пукањето кое се случило за време на вчерашните протести во тој град. Според медиумите, полицијата отворила оган врз демонстрантите, при што еден од нив, 27-годишниот Етем Сарисулук е повреден и се наоѓа во критична состојба.

На снимката која се појави на Јутјуб се гледа полицаец кој во еден момент го турка демонстрантот. Тој потоа почнува да пука, по што бега од местото на инцидентот и им се придружува на колегите. Повредениот маж останува да лежи на земја, опколен од вознемирени демонстранти кои бараат помош. Не е потврдено дали видеото е автентично.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе