Полицијата го идентификуваше напаѓачот во барот во Калифорнија како поранешен маринец Иан Дејвид Лонг

Вооружениот напаѓач, кој застрела и уби 12 лица во бар во Калифорнија, популарен поради жива кантри музика и преполн со студенти, е идентификуван како 28-годишниот Иан Дејвид Лонг.

28-годишниот осомничен влегол во барот Бордерлајн ен грил во Таузанд Окс, Калифорнија во среда вечер, пред да отвори оган со легално купен полу-автоматски пиштол Глок 21 .45 калибар - популарен модел во Калифорнија - и фрлал димни бомби.

Служел во Авганистан.

Тој претходно беше опишан како белец со многу тетоважи.

Дванаесете жртви починаа, вклучувајќи го и заменик-шерифот, кој бил меѓу првите кои реагирале на пукањето. Лонг исто така е пронајден мртов на местото на настанот, со тоа што прелиминарната истрага укажуваа дека тој самиот си го одзел живот пред членовите на специјалците да влезат во зградата.

Малку информации засега се познати за Лонг, при што полицијата моментално чека налог за претрес за да ја пребара неговата куќа, каде што се вели живеел со неговата мајка.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе