По повеќечасовниот хаос

Полицијата ги разбрка поддржувачите на Трамп од Конгресот, во Вашингтон на сила полициски час

Американските власти го прогласија за безбеден комплексот на Конгресот на САД, откако полицијата стави крај на четиричасовната окупација на зградата од гневните поддржувачи на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

EPA-EFE

Тешко вооружената полиција претходно почна да ги брка поддржувачите на Трамп со солзавец и шок бомби, пред прогласувањето на полициски час во Вашингтон, јавува Асошиејтед прес. Полицајците со гас маски тргнаа во операција за расчистување на просторот околу Конгресот, половина час пред стапувањето на сила на воведениот полициски час.

Полицијата најпрво ја расчистила салата на Сенатот, од која ги истерала демонстрантите, а потоа низ предворјето, па низ вратите. Потоа биле расчистени сите катови на објетот. Целата полициска операција траеше два часа.

Поранешниот претседател на САД републиканецот Џорџ Буш оцени дека случувањата во Конгресот се како во „банана-република“. „Така се оспоруваат резултатите на изборите во банана-република““, наведе тој во соопштение. Додаде дека немирите за време на кои поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот се „мачни и срцепарателни“. „Згрозен сум од безобѕирното однесување на некои политички лидери и недостигот од почит кој денес се покажува кон нашите институции, традицијата и спроведувањето на законот“, истакна Буш во соопштението.

Републиканскиот сенатор Мит Ромни, пак, истакна дека „ова е бунт, поттикнат од претседателот на САД“.

Социјалната мрежа Твитер ги избриша последните пораки на Трамп, објаснувајќи дека може да се протолкуваат како повици на насилство.

Полицијата на Вашингтон потврди дека жената која беше ранета во зградата на Конгресот за време на хаосот во Вашингтон им подлегна на повредите во болница. „По истрагата ќе имаме повеќе информации за смртта на оваа жена“, изјави претставникот на полицијата на Вашингтон Дастин Стернбек.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе