Спремни да умрат како маченици

Полицијата ги опколила браќата терористи, во тек е заложничка драма (ФОТО)

Полицијата ги опколила напаѓачите, кои според одредени извори држат еден заложник. Медиумите, инаку, цело утро јавуваат различни информации. Паризиен јави дека две лица загинале во престрелка меѓу полицијата и исламистите, а Ројтерс дека загинало едно лице. Меѓутоа, полицијата демантирала дека има загинати.

 

Според најновите информации на Би-би-си, неколку лица биле ранети.

Убијците инаку се опколени во бизнис комплекс во местото Дамартен де Гоел, на 35 километри одалечено од Париз. Еден градски функционер изјавил дека тие на преговарачите на полицијата им кажале дека се подготвени да умрат како маченици.

Би-би-си јавува и дека во Демартен се случува вистинска драма, дека пристигнале илјада полицајци и припадници на специјалните сили, а дека хеликоптери го надлетуваат градот.

Аеродромот Шарл де Гол е привремено затворен поради стравувања дека терористите имаат ракетни фрлачи со кои можат да урнат авион. Местото Демартен се наоѓа на пет километри од аеродромот.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе