Смртта на Џорџ Флојд – црнецот што почина откако полицаец од Минеаполис му го притисна вратот со колено – во мај 2020 година предизвика протести на стотици луѓе низ целата земја. Протестите траеја цело лето. Во многу градови, вклучувајќи го и Вашингтон, полицијата ги бркаше демонстрантите со солзавец, насилства и апсења.
Но протестите пред зградата на Капитол во средата, како што многумина истакнуваат, беа поинакви. Светската организација „Црните животи се важни“, која се бори за правата на црнците во Америка и светот, ги опиша протестите во средата како „пуч“. Организацијата вели дека тоа било „уште еден пример за лицемерството во реакцијата на спроведувачите на законот во Америка, како одговор на протестот“.
„Кога црнците протестираат поради своите животи, пречесто се среќаваат со единиците на Националната гарда или полицајци опремени со пушки, штитови, солзавец и борбени шлемови“, се вели во соопштението на БЛМ.
„Не се залажувајте, ако демонстрантите беа црни, ќе ги бркаа со солзавец, ќе ги претепуваа, а можеби и ќе ги убиеја.“
Си-ен-ен направи споредба на минатогодишните протести и овие во средата пред зградата на Капитол.
2 јуни 2020 година
Припадниците на Националната гарда во Вашингтон, вооружени и облечени во маскирни униформи, стоеја на скалите на Меморијалниот центар Линколн минатиот јуни, додека толпа демонстранти одржуваa мирен протест, кој траеше неколку дена. За време на протестите во средата, бунтовниците веќе влегоа во зградата на Конгресот пред да се активира Националната гарда.
6 јануари 2021 година
Стотици приврзаници на Трамп упаднаа во Капитол во средата и ги преполнија скалите на зградата. На некои фотографии можеше да се видат полицајци што користат лут спреј. Беше користен и солзавец, но не е јасно дали тоа го сториле демонстрантите или полицијата. Луѓето кашлаа и ги бришеа солзите од очи.
1 јуни 2020 година
Пред Трамп да одржи говор во Роуз гарден минатиот јуни, полицијата пукаше со солзавец во близина на Белата куќа и со гумени куршуми кон демонстрантите во обид да ја растера толпата поради планираната посета на претседателот во епископската црква Свети Иван.
Претходно истиот ден, Трамп ги повика гувернерите на државите да преземат поагресивен пристап кон демонстрантите во нивните држави. По разговорот, Трамп мина покрај демонстрантите до црквата за да се фотографира.
6 јануари 2021 година
Про-Трамп демонстрантите минаа покрај металните огради и влегоа во зградата на американски Капитол, шетајќи низ него дури неколку часа. Непосредно пред тоа, некои од нив дури си правеа селфија со полицијата што го обезбедува Капитол.
Cops are taking selfies with the terrorists. pic.twitter.com/EjkQ83h1p2
— Timothy Burke (@bubbaprog) January 6, 2021
Трамп ја упати Националната гарда кон Вашингтон, заедно со „другите сојузни заштитни служби“, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани. Како што објави Пентагон, Министерството за одбрана ја активираше целата Национална гарда на градот Вашингтон.
3 јуни 2020 година
Минатиот јуни демонстрантите во Вашингтон постојано беа соочени со солзавецот на полицијата. Многумина беа уапсени. Само во еден протест беа уапсени 88 лица. За споредба, шефот на полицијата Митрополитен, Роберт Конти, во средата рече дека полицијата уапсила дури 52 лица, од кои 26 биле влезени во зградата на Капитол.
6 јануари 2021 година
Приврзаниците на Трамп ги преплавија скалите пред зградата на Капитол, која беше празна поради новиот карантин. Федерален службеник за спроведување на законот за Си-ен-ен изјавил дека Националната гарда на Вашингтон не предвидела дека ќе биде употребена за заштита на федерални објекти, а администрацијата на Трамп во почетокот на неделава одлучи дека тоа ќе биде задача на цивилните полицајци.