Полицијата фрли солзавец во трговски центар во Хонг Конг (ВИДЕО)

Полицијата на Хонг Конг уптреби солзавец во градот Шатин за да ги разбрка демонстрантите кои упаднаа во локален трговски центар.

Претходно демонстрантите ја демолираа блиската железничка станица која е затворена, пренесува Ројтерс.

Хонгконшката полиција зазема претходно денес позиции на главната железничка станица на патот кон аеродромот за да спречи антивладините демонстранти повторно да го загрозат воздушниот сообраќај, по насилните синоќешни судири на улиците на таа територија под власт на Кина.

Аеродромот веќе беше мета на демонстрантите кои ја блокираа салата за пристугнувања, приодните ходници, и палеа огнови на улиците на блискиот град Тунг Чунг и ја искршија тамошната метро станица.

Демонстранти вчера во Хонг Конг го запалија кинеското знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги разбрка.

Полицијата обвини одделни демонстранти дека фрлале Молотови коктели по маршот на повеќе илјади луѓе во Туен Мун, кварт на северозападот на градот.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе