Турција

Полиција ги прегази Гези и Таксим и ги избрка демонстрантите со солзавец и водени топови

Полицијата со солзавец и водени топови вчера ги растера демонстрантите на плоштадот Таксим и паркот Гези во Истанбул.

 

Синоќешната акција е првиот полициски упад во паркот Гези откога активистите подигнаа шатори во него и го претворија во национален симбол на отпорот.

Полицијата ги искинала плакатите, го соборила штандот со храна и ги испрскала шаторите со солзавец, поради што демонстрантите биле принудени да се повлечат, а неколкумина бил однесени на носила, пренесува Асошиејтед прес.

Полицијата им извикувала на демонстрантите: „Ова е нелегален чин, ова е нашата последна опомена до вас – евакуирајте се.“

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган претходно ги предупреди демонстрантите да го напуштат плоштадот Таксим и им рече дека ако не го сторат тоа, безбедносните сили ќе знаат „како да го испразнат“.

Премиерот уште еднаш укажал на „заговорот“ што стои зад најголемите улични протести во текот на неговото 10-годишно владеење.

Демонстрантите претходно одбија да ги прекинат протестите и покрај тоа што Ердоган ги запре плановите за реконструкција на паркот, велејќи дека ќе продолжат да протестираат поради „неправдата“ во Турција.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе