Полицајци во Охајо изрешетаа црнец со 60 куршуми, сè е снимено. Избувнаа протести (ВИДЕО)

Стотици луѓе протестираа синоќа во Акрон, во државата Охајо, на северот на САД, по објавувањето на видео снимка од убиството на црнец во кој полицијата, според неговиот адвокат, испукала 60 куршуми.

Фото: скриншот

Додека властите повикуваат на мир, толпата се упатила кон градското собрание носејќи транспаренти на кои пишувало „Правда за Џејленд“.

Џејланд Вокер (25) е убиен на 27 јуни додека бегал трчајќи од полицијата по автомобилска потера поради сообраќаен прекршок. На видеото кое денеска го објави полицијата, се гледа како млад човек е изрешетан со куршуми.

Организациите за борба против расизмот повикаа на четврти ден протести во градот со 190.000 жители во близина на Кливленд. Протестите биле мирни, освен еден момент кога демонстрантите се приближиле до кордонот полицајци и им довикувале навреди.

По првиот собир, мнозинството останало на улиците во текот на ноќта. Немало пријави за насилство. Но, властите, плашејќи се од немири, поставиле тешка механизација околу полициската станица за да ја заштитат.

Властите на Акрон, кои првично кратко го коментираа инцидентот, вчера конечно објавија две видеа.

Првото е компилација од видеа и слики од екранот на личните камери на полицајците со коментар. Второто е комплетно видео од потерата и престрелката, исто така направено од полициска камера.

Во коментарот се наведува дека Вокер не го запрел својот автомобил и побегнал, што ја натерало полицијата да започне потера. Неколку полицајци велат дека бил истрелан куршум од автомобилот на Вокер.

По повеќеминутна потера, Вокер излетал од автомобилот и почнал да трча. Полицајците се обиделе да го совладаат со помош на електрошокери, но не успеале.

Неколку од нив го стигнале на паркинг. Видеата не се јасни, па не е јасно што се случило потоа, но полицијата во соопштение наведуваат дека „нивните животи биле во опасност“ поради однесувањето на 25-годишникот. Сите полицајци потоа отвориле оган и испукале повеќе истрели. Вокер бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Немирите потсетуваат на други црнци кои загинале во судири со полицијата, што предизвика бран протести против расизмот и полициското насилство. Градоначалникот Ден Хориган најави независна истрага.

„Адвокат сум 22 години и никогаш не сум видел нешто слично на ова видео“, изјави Боби Дичело, адвокат на семејството на жртвата, за Њујорк Тајмс.

Началникот на полицијата Стив Мајлет изјави дека форензичарите пронашле 60 рани на телото на Вокер. Дичело тврди дека бил погоден со 60 истрели.

Осумте полицајци вклучени во неговата смрт се привремено отстранети од должност и ќе примаат плата до завршувањето на истражната постапка. Во објава на Твитер во неделата, кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс, роден во Акрон, рече дека се моли за својот град.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе