Полицајци застрелани од такси-велосипед во Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Осомничениот напаѓач се наоѓа во притвор по истрелите кон двајца полицајци во францускиот кварт во Њу Орлеанс, во американската држава Луизијана, во акцијата што шефот на полицијата ја опиша како „заседа".

Screenshot

Полициските службеници биле во рутинска патрола во популарната туристичка област кога влегле во заседа и на нив пукало лице кое било патник во такси-велосипед, изјави началникот на полицијата Шон Фергусон на прес-конференција во близина на местото каде се случил инцидентот.

Тој рече дека не е познато колку истрели биле испукани. Според него, еден полицаец бил погоден под окото во левиот образ и куршумот му останал во главата, и тој се наоѓа во тешка, но стабилна состојба. Другиот се здобил со полесни повреди на раката.

„Ова е мрачен ден за нашите полицајци и ве молам молете се за нив“, рече Фергусон.

Другите полицајци кои одговориле на повикот ги префрлиле и двајцата ранети полицајци во болница, рече тој. Осомничениот бил приведен од други полицајци и исто така бил пренесен во болница, не се знае поради кои здравствени проблеми, изјави шефот на полицијата. Тој додаде дека полицијата воопшто не пукала за време на тој инцидент и дека осомничениот напаѓач не бил „физички повреден“.

„Нашите полицајци немаа никаков судир со тоа лице. „Тие оделе во различни правци кога тој ја преминал раскрсницата и започнал да пука кон нашите полицајци“, рече Фергусон.

Тој додаде дека работат на идентификување на осомничениот кој одбива да го каже своето име или да даде какви било други информации.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе