Полицајци во Русија удирале жена во стомак, јавноста гневна (ВИДЕО)

Видеоснимка на која руски полицаец удира млада жена во стомакот предизвика гнев кај голем број Руси кои сметаат дека власта користи претерана сила за растерување на протестите кои во Москва траат со недели.

Видеото снимено во саботата го проширија лица славни во Русија, со милиони пријатели, и на него се гледа моментот во кој двајца припадници на интервентната полиција со шчемови ја влечат Дарија Сосновскаја кон полициско возило.

26-годишната Сосновскаја се обидела да се ослободи и да турне еден од полицајците, но тие на тоа одговориле со удари во стомакот, а репортерот кој го снимал инцидентот саркастично го нарекол полицаецот „херој“.

Девојката е една од 200-те луѓе кои се притворени за учество во протестите кои властите ги сметаат за нелегални, а се одржуваа по прекинатиот протест за одржување слободни локални избори.

На одобрениот дел на протестот присуствуваа околу 60.000 луѓе, соопшти набљудувачката група Вајт каунтер, а овој протест е најголем во последните осум години и особено е значаен во време кога охрабрените опозициски движења се обидуваат да ја намалат моќта на претседателот Владимир Путин.

Познатиот пејач Егор Крид ја сподели снимката од апсењето на својот профил на Инстаграм со 10,7 милиони следачи, како и Сергеј Лазарев, исто така популарен пејач, со околу 4 милиони следачи. Снимката така ја погледнале најмалку 3 милиони луѓе.

Во постот преполн со пцости, Крид порача дека вложил жалба во полицијата и побарал да ги најдат и казнат полицајците одговорни за насилството.

„Какво ѓубре треба да бидеш за да удриш припадничка на поубавиот пол. Не ме интересира што направила. Вакви нешта не треба да се случуваат“, напиша Крид.

Руските власти ги отфрлија обвинувањата за претерана сила при растерувањето на протестите, но сега и САД и Европската Унија ги доведуваат во прашање нивните методи. Московската полиција одби да го коментира инцидентот.

По гневот што го предизвика снимката меѓу Русите, адвокатот за човекови права Павел Чиков понуди награда од 100 илјади рубљи (1.500 долари) за кој било што ќе го идентификува полицаецот на снимката кој носи маска и шлем.

Една руска интернет страница подоцна објави дека го идентификувале и го објавија неговото име со фотографија, но одбија да ја земат наградата на Чиков.

Наводно станува збор за Сергеј Циплаков, член на петтата единица на московската интервентна полиција.

Активистите најавија нови протести за 17 август.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе