Полицајци во центарот на Лондон убија маж вооружен со два ножа

Британските полицајци доцна синоќа убија вооружен човек во центарот на Лондон, но случајот не го третираат како тероризам.

Полициска патрола во Вестминстер половина час пред полноќ во неделата забележала сомнителен маж, кој, кога му пристапиле, извадил два ножа, па го застрелале.

„Маж беше убиен од полицајците по инцидент кај Вестминстер во 23.27 часот во неделата на 8 март. Ова НЕ се третира како терористички инцидент“, соопшти полицијата.

Кратко потоа човекот бил прогласен за мртов. Не се повредени ни полицајци ни цивили, соопшти Метрополитен полицијата.

Според законот, секое пукање од страна на полицијата мора да биде независно истражено од надзорното тело на полицијата, независната канцеларија за полициски постапки.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе