На протести за Џорџ Флојд

Полицајци во Бафало турнуваат постар човек на земја, од главата му потекува крв (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Додека протестите за убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата вчера продолжија во својот десетти ден, на едно од видеата се гледа како полицајци опремени за немири во Бафало, Њујорк, соборуваат 75-годишен маж на земја и се чини дека ладнокрвно го одминуваат.

Двајца полицајци од Бафало во американската сојузна држава Њујорк во четвртокот се суспендирани без плата откако се појави видео во кое турнуваат 75-годишен маж на земја, за време на протестите за полициското убиство на Џорџ Флојд, кои продолжија десетта вечер по ред.

Видеото, кое го снимил новинар од локалната радиостаница ВБФО и е објавено на неговата веб-страница и на Твитер, прикажува белокос маж што им се приближува на полицајците.

Едниот полицаец го турнува со палка, а другиот со рака. Човекот паѓа на земја, а од неговата глава почнува да тече крв. Човекот, белец, не е идентификуван.

„Бев многу вознемирен од снимките. По мирните протести и неколкуте состаноци меѓу мене, полициското раководство и членовите на заедницата, вечерашниов настан беше обесхрабрувачки“, рече градоначалникот на Бафало, Бајрон Браун.

Инцидентот предизвика широка осуда на социјалните медиуми, додека демонстрантите се вратија на улиците во неколку американски града во знак на протест против полициската бруталност.

Флојд почина во Минеаполис на 25 мај откако поранешниот полицаец Дерек Шовин за време на апсењето го стискаше со колено врз вратот скоро девет минути.

Видеото во Бафало прикажува како повеќето полицајци заминуваат откако човекот паѓа, иако полицаецот што го беше турнал со палка почнува да се наведнува врз него, но друг полицаец го одведува.

Се слуша како некој вика брза помош.

Радиостаницата објави дека двајца лекари дошле и му помогнале на повредениот.

Полицијата подоцна соопшти дека човекот бил повреден откако се лизнал и паднал.

Но откако го погледнал видеото, началникот на полицијата во Бафало, Бајрон Локвуд, нареди истрага и ги суспендираше двајцата полицајци, рече Браун.

75-годишната жртва е во стабилна, но сериозна состојба во болница во Бафало, рече Браун.

Објавено

Петок, Јуни 5, 2020 - 17:46

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе