Полицајци го тужат Њујорк поради задолжителната вакцинација

Антиваксерите бараат правда во Врховниот суд, досега немаа среќа, но може да им помогне доколку пред конзервативните судии се повикаат на верски чувства.

Фото: ЕПА

Се гледаме во Врховниот суд, е ветувањето на американските антиваксери кон организациите и работодавците што сакаат да воведат задолжителна имунизација.

Противниците на вакцините се решени да ја истуркаат работата до самиот крај, односно до највисоката судска инстанца, па постојат шанси наметнувањето на вакцинацијата да стане уште една „жешка тема“, како што се абортусот или носењето оружје, за која ќе одлучуваат најмоќните судии.

Пред Врховниот суд неодамна заврши тужбата против здравствените власти во Мејн, кои воведоа задолжителна вакцинација за лекарите и медицинските сестри, објави Си-ен-би-си. На истото место беше и тужбата против имунизацијата на наставниците во Њујорк и на вработените и студентите на Универзитетот во Индијана. Иако Врховниот суд одби да се произнесе за овие случаи, што значи дека наредбата за задолжителна имунизација останува во сила и дека антиваксерите досега се поразени, информативниот сајт Вокс пишува дека оваа група нема така лесно да се откаже.

Антиваксерите честопати ќе се повикуваат на верските слободи во тужбите, што може да даде плод ако се има предвид дека Врховниот суд го сочинуваат мнозинство конзервативни судии. Поранешниот претседател Доналд Трамп назначи тројца, а ги избираше на таков начин што да ги задоволи најрелигиозните гласачи. Либералната јавност стравува дека во некој од следните случаи судот во Вашингтон ќе ги поддржи антиваксерите што тврдат дека нивната вера им забранува да се имунизираат. Судот веќе дозволи на многу богослужби во Њујорк да се примаат верници без оглед на епидемиските мерки.

Голем број работодавци, претежно државата и градовите, но и некои приватни фирми, ги условуваат вработените дека мора да се вакцинираат за да го задржат работното место. Тоа даде резултати во места како Њујорк, каде што речиси 85 отсто од возрасните примиле вакцина. Сепак, не се ретки Американците што дале отказ за да не мора да се вакцинираат. Меѓу нив има наставници, професори, здравствени работници, пожарникари и полицајци, пишува Њујорк тајмс. Некои се повикуваат на религиозни чувства, други не сакаат владата да им се меша во животот, а трети не веруваат во ефикасноста на вакцините. Најголемиот полициски синдикат во Њујорк го тужеше градот за наметнување задолжителна вакцинација, но случајот моментално е во понизок суд.

Во САД 57 отсто од населението се ревакцинирани, додека 77 отсто примиле најмалку една доза. Белата куќа не е задоволна. Владата на претседателот Џо Бајден воведува задолжителна вакцинација за повеќето вработени во федералните институции и ги повикува приватните компании да го сторат истото. Според Центарот за контрола и превенција на болести, бројот на вакцинираните значително скокнал во првиот бран кога администрацијата на Бајден објави дека федералните службеници ќе мора да се вакцинираат за да ги задржат своите работни места.

Државите под контрола на демократите, како Њујорк, го следат примерот на администрацијата во Вашингтон, но републиканските држави, како Тексас и Флорида, се противат, велејќи дека задолжителната имунизација ќе ја наруши слободата на избор.

Со 700.000 смртни случаи од ковид 19, Америка останува црн рекордер во светот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе