Во центарот на Белград

Полицајци брутално претепаа момче, го маваа со пендреци и со нозе (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

За време на вечерашниов протест во центарот на Белград полицијата брутално претепа еден демонстрант.

На снимката од бруталното тепање на демонстрантот, направена од белграѓанец со мобилен телефон, се гледа како полицијата тргнува во акција за да ги растера демонстрантите. Повеќето од нив успеваат да избегаат, но таа среќа ја немаше еден млад човек, кого полицијата успеа да го фати на Теразије.

Младиот човек во еден момент се најде на земја, што беше проследено со брутално тепање. Бидејќи полицијата беше во тек на акција, тие не се задржаа долго на жртвата, па во минување го маваа со пендреци и со клоци, кој како ќе стигне.

Откако полицајците заминаа, младиот човек остана беспомошно легнат на земја, а го собраа полицајци што тогаш наидоа во теренски возила. Но само на кратко.

Тие не му помогнаа, не го ни приведоа, туку само го однесоа до тротоарот и го оставија таму. Граѓаните му помогнаа дури откако полицијата замина.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе