Во Минесота

Полицаецот што клечеше врз црнец е обвинет за убиство

Поранешниот полицаец во Минеаполис што беше снимен како со колено го гмечи вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој потоа почина, е обвинет за убиство од трет степен и за убиство без умисла, им соопшти попладнево на новинарите обвинителот на областа Хенепин, Мајк Фримен.

Фото: Јутјуб

Полицаецот Дерек Шовин беше уапсен од Бирото за криминално апсење во Минесота, додека во текот на ноќта државата ја тресеа насилни протести, во кои демонстрантите бараа правда за Флојд.

„Никогаш не сме поднеле обвинение во некој случај во овој временски рок, а можеме да покренеме случај само кога имаме доволно прифатливи докази за да го докажеме случајот надвор од какво било разумно сомнение. Од моментов го имаме тоа“, рече Фримен. „Поднесовме обвинение за овој случај што побрзо, бидејќи ни беа презентирани доволно прифатливи докази за да поднесеме обвинение“.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе