Ужасна снимка

Полицаец во Тексас убил жена што викала дека е бремена (ВИДЕО)

Снимка од фатална пресметка меѓу американски полицаец и 45-годишна жена е објавена на социјалните мрежи. Во инцидентот, кој се случил синоќа во Бејтаун, Тексас, жената починала.

На снимката се гледа дека една жена и полицаец се борат, а таа се спротивставува додека тој се обидува да ја уапси. Таа му вика на полицаецот да ја пушти затоа што е бремена, а потоа снимката се зацрнува и се слуша пукање.

Полицаецот испукал неколку куршуми во жената, од кои еден бил смртоносен. Откако видеото беше објавено на интернет, се јави и локалната полиција.

„Сè уште е рано да се каже што било, но истрагата досега откри дека еден наш искусен полицаец патролирал во населба на патот Гарт кога му се приближила 45-годишната жена, која ја знаел од порано и знаел дека против неа има отворени налози за апсење. Полицаецот се обидел да ѝ стави лисици на рацете, но таа му го зела електрошокерот и го употребила на нашиот полицаец. Затоа тој бил принуден да го употреби службеното оружје и испукал неколку куршуми, од кои најмалку еден ја погодил жената“, објасни шефот на полицијата Стив Дорис.

Иако полицијата ја оправдува неговата постапка, многумина веруваат дека реакцијата на полицаецот била непотребна и дека полицаецот треба да биде казнет за она што го сторил.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе