Флорида

Полицаец снимен како турнува тинејџер од покрив на куќа (ВИДЕО)

Американски полицаец турнал 18-годишник од покрив на куќа во Кисимни, Флорида. Тинејџерот бил осомничен за кражба на возило.

Наредникот што му наредил на колегата да го истурка 18-годишникот од покривот ќе бил отпуштен ако веќе самиот не дал отказ, соопштија од полицискиот оддел.

Објавени се снимки од полициската камера на кои се гледа како се расплетува инцидентот во Кисими, Флорида.

Полицајците го бркале тинејџерот, обвинет дека го зел автомобилот на својата девојка без нејзина дозвола.

Кога полицијата пристигнала пред вратата на осомничениот, тој побегнал горе на покривот.

На видеото се слуша како полицајците му велат на осомничениот да „слезе“ од покривот, кој бил на висина од околу три метри од земјата.

Полицаецот на покривот вели: „Ќе те погодам со тизерот и секако ќе паднеш. Затоа подобро скокни сам.“

Откако осомничениот одбива и бара да влезе низ прозорецот, наредникот од долу вели: „Турни го од покривот. Турни го. Едноставно турни го. Турни го.“

Полицаецот го турнува тинејџерот, кој паѓа и е погоден со тизер од другите полицајци.

За чудо, осомничениот завршил неповреден ни од падот ни од тизерот, но според внатрешната истрага на полицискиот оддел, лесно можело да заврши со тешки повреди. 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе