Војна на улиците на Хонг Конг

Полицаец ранет со стрела во нога за време на протестите во Хонг Конг (ФОТО+ВИДЕО)

Полицаец во Хонг Конг е повреден денес со стрела за време на судири меѓу демонстрантите и полицијата, соопшти полицијата.

Повредениот полицаец бил распореден во блок недалеку од Политехничкиот универзитет.

Полицијата објави фотографии од полицаецот застрелан со стрела во ногата.

Ново насилство избувна утрово околу опколениот универзитетски кампус во Хонг Конг додека демонстрантите се подготвувале за можен последен полициски удар по насилните судири во текот на ноќта.

Големи пожари го осветлувале ноќното небо над Политехничкиот факултет во Хонг Конг во округот Ковлон, каде демонстрантите неколку часа пред тоа фрлале молотови коктели, некои од катапулти, а полицијата ги полевала со солзавец додека ги туркала кон кампусот.

После неколку часа затишје додека демонстрантите спиеле на тревниците и во универзитетската библиотека, полицијата пукала млазови солзавец околу 10 часот наутро. Активистите за возврат фрлале молотови коктели, некои палеле дрвја надвор од кампусот.

Неколку часа пред тоа, одреди кинески војници облечени во шорцеви и маици, од кои некои носеле пластични канти или метли, дошле од нивните бараки во ретко јавно појавување да им помогнат на жителите да ги исчистат главните улици од блокадите.

„Не сакаме да ја напаѓаме полицијата, само сакаме да го заштитиме нашиот кампус... и сакаме да го заштитиме Хонг Конг“, рече Чан, 20-годишна студентка на универзитетот.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе