Полета рускиот авион со помош за САД (ВИДЕО)

Руски воен транспортер полета од аеродром крај Москва денес утрината и лета кон САД со медицинска опрема и маски за да му помогне на Вашингтон во борбата против коронавирусот, објави руската државна телевизија.

Претседателот Владимир Путин му понудил руска помош во телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој двајцата претседатели разговарале за тоа што треба да се преземе против ширењето на вирусот.

Помошта во организација на руското министерство за одбрана веројатно ќе биде непопуларна меѓу критичарите на Трамп. Го повикаа да се дистанцира од Путин и тврдат дека Москва ја користи помошта како геополитичко и пропагандно средство за да го зајакне своето влијание, што Кремљ го негира.

„Трамп со благодарност ја прифати хуманитарната помош“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Во САД се потврдени речиси 190.000 заразени и над 4.000 мртви од ковид-19.

Во Русија, каде некои лекари ја доведуваат во прашање точноста на официјалните податоци, според официјалните бројки потврдени се 2.337 заразени и 17 мртви.

Песков кажа и дека Москва се надева дека САД исто така ќе можат да ѝ пружат медицинска помош на Русија доколку биде потребно.

„Важно е да се истакне дека кога им нудиме помош на американските колеги, претседателот (Путин) претпоставува дека кога американските компании за медицинска опрема и материјал ќе го засилат производството, исто така ќе можат да возвратат ако е потребно“, кажа Песков.

Тој истакна дека Русија и Кина соработуваат на сличен начин бидејќи „во време во кое ситуацијата го погодува секој без исклучок нема алтернатива на соработката, во духот на партнерството и меѓусебната помош“.

Русија исто така со воени авиони ѝ достави помош на Италија за борбата против вирусот, со што беше истакна неуспехот на Европската Унија во пружањето помош на својата членка во криза, а беше зголемен угледот на Путин.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе