Британски Индипендент пишува дека туристите кои вчера се нашле таму можеле да видат големи парчиња мраз како пловат по реката, а облаците пареа и виножитото биле атракција во текот на денот.
Иако на некои фотографии изгледа дека водените слапови се целосно замрзнати, водата никогаш не престанува да тече и покрај екстремно студеното време, а големи замрзнати површини на водопадите беа забележани и во 2014 и 2015, кога областа ја зафати поларен вортекс.