Пола милион луѓе на Парада на гордоста во Виена. Виенскиот градоначалник: „Ве сакам сите“ (ФОТО+ВИДЕО)

Повеќе од 460.000 луѓе поминаа и танцуваа преку центарот на Виена во овогодинешната Парада на виножито во саботата, со која се прославува ЛГБТ заедницата и се протестира против сексуална дискриминација, велат организаторите, пренесе австриски Стандард.

Учесниците носеа соодветни шешири, фустани и кожни јакни или парадираа без горна облека, мавтајќи со знамиња во боите на виножитото во знак на поддршка на лезбијските, хомосексуалните, бисексуалните и трансродовите лица.

Полицијата веднаш не ја проценуваше бројноста на публиката, меѓу кои беа поп пејачка Кончита Ворст и водечките социјалдемократски, либерални и зелени политичари.

На крајот од настанот зборуваа австрискиот претседател Александар Ван дер Белен и европската комесарка за правда Вера Јурова.

„Лезбијки, гејови, бисексуалци, трансродни лица живеат во нашето општество и ќе продолжат да бидат видливи, почитувани и интегрирани во нашето општество. Суштината на демократија е да се прифатат и почитуваат разликите“, рече австрискиот претседател Александар Ван дер Белен кој пред крајот на собирот ѝ се обрати на толпата.

И виенскиот градоначалник со сопругата присуствуваа на парадата. „Љубовта мора да биде слободна и ние ќе работиме на тоа така и да остане. Ве сакам сите“, порача градоначалникот Мајкл Лудвиг.

Парадата на виножитото е дел од овогодишниот Еуропрајд, ЛГБТ фестивал чиј домаќин секоја година е некој друг европски град.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе