Појавата на коронавирусот во супсахарска Африка предизвика страв од пандемија

Еден ден откако индексот на Дау Џонс падна за рекордни 1.190 поени, аналитичарите предупредуваат дека потенцијалната коронавирусна пандемија може да предизвика финансиска криза со ист обем како таа во 2008 година.

Светската здравствена организација изрази загриженост поради првиот случај на ковид-19 во супсахарска Африка: Италијанец што живее во Лагос, Нигерија.

Тој влегол во земјата на 24 февруари со лет на Туркиш ерлајнс од Милано преку Истанбул.

Заразениот во Нигерија е само трет потврден случај во Африка, што ги збунува здравствените експерти поради блиските врски на континентот со Кина.

Пациентот е клинички стабилен, без сериозни симптоми.

Вирусот во текот на изминатата недела се размножи низ целиот свет, се појави на секој континент освен на Антарктикот, поради што многу влади и компании се обидуваат да ги спречат луѓето да патуваат или да се собираат на преполни места.

Швајцарија денеска стана најновата земја што објави драстични мерки, велејќи дека сите настани со повеќе од 1.000 учесници ќе бидат прекинати до 15 март. Поради забраната е откажан и Женевскиот саем на автомобили следната недела - голем настан на светскиот календар за автомобилската индустрија.

Коронавирусот денеска се појави и во Литванија, Белорусија и Нов Зеланд.

Властите потврдија 20 нови случаи во Франција за 24 часа, откако претседателот Емануел Макрон во четвртокот предупреди дека земјата е на работ на епидемија. Во Италија бројот на починатите се искачи на 17.

Околу 1.000 луѓе се во карантин во најнаселената држава на Германија, додека бројот на потврдените случаи во најголемата економија во Европа надмина 50.

Првиот случај е потврден во Велс, со вкупна бројка од 19 во Велика Британија.

Кина забележа уште 44 смртни случаи и 327 нови потврдени случаи, додека ширењето на вирусот во земјата и понатаму забавува.

Јужна Кореја објави 571 нов случај, со што вкупниот број на инфекции достигна 2.337, што е најмногу надвор од Кина.

Калифорниските здравствени власти соопштија дека следат 8.400 лица што пристигнале на домашните летови.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе