Погребните претпријатија ги молат Полјаците: Вакцинирајте се, и онака имаме доволно работа

Фото: ЕПА

Полските погребни претпријатија ги повикаа Полјаците да се вакцинираат и со тоа се вклучија во кампањата за што побрзо вакцинирање против коронавирусот во таа земја, од страв од четвртиот, есенски бран на епидемијата. „Вакцинирајте се што е можно поскоро. Ние и онака имаме доволно работа“, им порачаа погребните компании денеска на Полјаците.

Во апелот до граѓаните, полското здружение за погребни услуги потсетува дека во летото минатата година властите прогласија дека пандемијата веќе ја нема, а потоа дојде бруталната реалност - есента и зимата бројот на заразените и мртвите од ковид-19 двојно се зголеми.

„Според статистичките податоци, во Полска секоја година се раѓа и умира околу еден процент од населението, што ни дава 1.041 смртен случај на ден. Од октомври 2020 година, кога пандемијата почна да се интензивира, до крајот на мај 2021 година, кога реши да се 'збогува' од нас, починаа 128.629 жители на Полска, што во просек дава 1.577 смртни случаи на ден, што е зголемување за над 50 проценти“, рече во апелот претседателот на Полското здружение за погребни услуги, Кшиштоф Волицки.

Во емотивниот апел пренесен од полскиот весник Газета виборча, погребните претпријатија предупредуваат дека само неодговорните луѓе веруваат дека на пандемијата на ковид-19 ѝ се ближи крајот и ги прашуваат Полјаците зошто не сакаат да се вакцинираат и зошто не размислуваат за своите семејства и за луѓето што ги сакаат.

Во Полска од 38 милиони жители, 16,443 милиони луѓе ја завршија вакцинацијата до средата.

Владата на премиерот Матеуш Моравјецки, со цел да ги убеди неодлучните Полјаци или оние што одбиваат вакцинирање, воведе лотарија, па од почетокот на овој месец до крајот на септември, Полјаците можат да си ја испробаат среќата и да добијат некои од помалите награди, како што се 120 евра или електричен скутер, како и повредни награди, над 200.000 евра или автомобили.

Полнолетните Полјаци што ја завршиле вакцинацијата кога ќе се пријават на Лотаријата на националната програма за вакцинација имаат четири шанси да освојат награда, бидејќи тие се извлекуваат дневно, неделно и месечно со главната награда на крајот од лотаријата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе