Погребна поворка во Боливија се претвори во антивладини протести (ВИДЕО)

Боливиската полиција со солзавец растера голема погребна поворка која прерасна во антивладини протести во Ла Паз, јавуваат агенциите.

Илјадници луѓе кои ги носеле ковчезите на петмина убиени во судирите од Ел Алта кој се смета за упориште на поранепниот претседател Ево Моралес кој мораше да пребегне во Мексико.

Во центарот на Ла Паз луѓето кои ги носеле ковчезите покриени со венци и шарени знамиња на домородното население ги спуштиле на неколку метри од воено оклопно возило.

Демонстрантите извикувале „Сакаме правда!“, обвинувајќи ги новите власти дека два дена претходно пукале во демонстрантите кои ја опколија рафинеријата Сенкала, неколку километри од Ла Паз. Владата засега одбива каква било одговорност за убиствата.

„Нѐ опсипаа со куршуми. Беше крваво“, изјави за Франс прес Руфино Копа, 42-годишен земјоделец, учесник на протестот против привремената претседателка Жанин Ањез.

„Бараме правда, не сакаме таа госпоѓа да биде претседателка“, додаде припадничка на домородното население која на грбот го носеше своето осуммесечно дете, барајќи да остане анонимна од страв од одмазда.

Судирот изби кога војската и полицијата се обидоа да ја ослободат рафинеријата Ел Алта која демонстрантите ја заземаа една недела претходно барајќи оставка од Ањез.

Во судирот загина осум луѓе па така бројот на жртвите на постизборната криза која ја тресе земјата се качи на 32.

Ево Моралес, боливискиот претседател, припадник на домородниот народ, поднесе оставка на 10 ноември под притисок на улицата откако војската му откажа послушност. Веднаш потоа пребегна во Мексико.

По неговата оставка неговите поддржувачи секојдневно протестираат на улиците на Ла Паз и други градови во земјата.

Вашингтон ја поддржа преодната влада на привремената претседателка Жанин Ањез која почна постапка за распишување нови избори.

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе