Во замокот Виндзор

Погребен британскиот принц Филип (ФОТО+ВИДЕО)

Британскиот принц Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, е погребен денес во кралската крипта во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

 

Филип почина на 9 април, на 99-годишна возраст.

Ковчегот со телото на британскиот принц Филип, на задната страна на специјално адаптираниот „ленд ровер“, беше превезен во кралската крипта на замокот Виндзор, каде што ќе почива, а по него пеш чекореше поворка од високи членови на кралското семејство, вклучувајќи го и принцот Чарлс и неговите синови, принцот Вилијам и Хари.

Кралицата Елизабета Втора беше во задниот дел од колоната во бентли додека ковчегот со војводата од Единбург се движеше кон капелата Свети Џорџ.

Принцот Чарлс и принцезата Ана одеа во првиот ред зад ковчегот, по што следуваа принцовите Едвард и Ендрју и двата сина на Чарлс, Вилијам и Хари.

Тој беше испратен со воени почести, а на ковчегот стоеја неговата офицерска капа на Кралската морнарица и сабјата. Ковчегот беше покриен со неговото лично знаме, чии четвртини претставуваат Данска, Грција, благородното семејство Маунтбатен и градот Единбург.

Само членовите на кралското семејство присуствуваа на службата во капелата, во согласност со мерките во борбата против коронавирусот, а погребната служба ја вршеше надбискупот од Кантербери.

Принцот Филип е роден во Грција во 1921 година како принц Филип од Грција и Данска.

По службата во морнарицата во Втората светска војна, во 1947 година се ожени со тогаш принцезата Елизабета, која стана кралица пет години подоцна.

Во 2017 година принцот Филип објави дека повеќе нема да ги извршува своите должности како член на кралското семејство.

Својот погреб во голема мера го осмисли сам.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе