Во руските напади

Погодена станбена зграда во Киев (ФОТО+ВИДЕО)

Агенциите објавија фотографии од станбената зграда во Киев што утрово беше оштетена во рускиот напад.

Фото: ЕПА

Од фотографиите се гледа дека од страната на зградата има голема дупка, дека се уништени неколку стана.

Ројтерс утринава објави дека областа на југозападниот дел на Киев била погодена од два проектила. Според градската управа на Киев, еден од проектилите погодил станбена зграда.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека 35 лица, меѓу кои две деца, се повредени во нападите на Киев утринава.

Ракетата што рано утринава погоди станбена зграда во украинскиот главен град Киев не усмрти никого, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи.

Антон Херашченко исто така рече дека Русија лаже дека не ја гранатира цивилната инфраструктура.

Во центарот на Киев се слуша гранатирање од рано утрово, а руското министерство за одбрана соопшти дека руските трупи го зазеле градот Мериупол во регионот Запорожје на југоистокот на Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе