Погледнете како метеор го осветли небото над Јапонија (ВИДЕО)

Силниот блесок на метеор во пад го осветли небото над западна Јапонија, а глетката ја снимија телевизиски камери и корисници на социјалните мрежи.

Screenshot

Метеорот силно горел додека брзо минувал низ Земјината атмосфера во неделата, пренесува Асошиејтед прес.

Многумина на западот на Јапонија објавија на социјалните мрежи дека сведочеле на ретката глетка.

Телевизијата НХК наведе дека нејзините камери во префектурите Аичи, Мије и на други места ја снимиле огнената топка на небото.

На снимките од камерите во пристаништето Нагоја се гледа метеорот како свети како Месечината кога е полна, додека се приближува на Земјата.

Дел од експертите изјавија дека е можно мали делови од метеорот да паднале на Земјата.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе