Погледнете како ќе изгледа кога ураганот Флоренс ќе удри најјако (ВИДЕО)

Напливниот бран (Storm Surge) ќе биде голем фактор во ураганот Флоренс, јавува Ведер ченел. Ураганот денес на пладне по локално време стигна до источниот брег на САД.

„Тоа е всушност поплава. Но не класична поплава како кога ќе наврне многу дожд па ќе се излие река, туку поплава која пред сѐ е условена со кревањето на морето. Нешто како плима, голем бран. Можеме тоа така да го наречеме за да биде појасно“, објаснуваат експертите.

Ведер ченел објави анимација како напливниот бран може да изгледа, а анимацијата најдобро прикажува за каква опасност станува збор.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе