Снимка од воздух

Погледнете го пустошот што зад себе го остави страшниот ураган Мајкл (ВИДЕО)

Ураганот Мајкл удри вчера на Флорида и зад себе остави пустош како трет најсилен ураган кога било забележан во САД и најсилен ураган што ја погодил Флорида во последните стотина години.

Сепак, далеку најголем пустош Мајкл остави во градот Панама, бидејќи го допре копното во непосредна близина на тој град, вчера во 13:30 часот по локално време, како бура од категорија 4, непосредно под прагот на највисоката категорија 5.

Фокс њуз ја пренесе снимката направена со дрон на „ловецот на бури“ Брет Адер. Насекаде низ Панама може да се видат урнати столбови, искорнати дрвја и куќи чии покриви се однесени како капачиња. Над 359 илјади домаќинства и денес се без стрија.

Подеднакво потресна снимка од уништувањето објави друг „ловец“, Брендон Клемен. „Не можам да верувам како пустош“, искоментира тој.

Жителот на Панама Венс Бо опиша за Асошиејтед прес дека невремето звучело како мотор на авион. „Беше страшно, навистина. Беше многу бучно. Мислевме дека прозорците ќе се скршат секој момент“, кажа Бо.

Ураганот Мајкл, минувајќи преку Флорида и југозападна Џорџија, уби две лица. Во меѓувреме се смири на ниво на тропска бура, продолжи преку Јужна Каролина, истовремено удирајќи ги Северна Каролина и Вирџинија со силни ветришта и дожд, со опасност од појава на торнада.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба за цела Флорида, што овозможи испраќање сојузна помош. На помош беа испратени околу 3.500 војници на Националната гарда и 1.000 спасувачи. Пентагон испрати над 2.200 војници, хеликптери, чамци и друга опрема.

Поради ураганот е намалено производството на нафта во Мексиканскиот Залив за 40 отсто, а гасот за речиси третина бидејќи нафтените платформи беа евакуирани.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе