Подвигот на Прокупчанката го обиколи светот (ВИДЕО)

Ирена Ивиќ во Прокупље, Србија работела како наставничка, но животниот пат ја одвел во Милвоки, САД каде работи како возач на автобус а јавноста ја освои со своето херојско спасување на мало дете.

Таа пред крајот на минатата година направи херојски подвиг, го запре возилото, здогледувајќи босоного дете како оди само по улица на температура од минус 8 степени и го спаси.

„О Боже, о Боже, целата се тресам“, рече таа, кога застана и истрча да го спаси малото девојче кое скиташе босо на надвозникот на автопатот и се приближува до раскрсница.

„За ништо друго не размислував, само како да го стигнам и да го фатам. Со рака, му покажав знак на автомобилот кој ми доаѓаше во пресрет да застане, а јас го зграбив детето и го внесов во автобусот. Во тој момент не се сетив да ја соблечам својата јакна, за да не губам време, туку патничка во автобусот ја даде својата јакна. Тоа кога се стопли, заспа на моите гради“, рече Ирена.

Таа со детето во прегратка ги чекаше полицајците и спасувачите да го преземат.

„Секој така би постапил. И јас сум мајка и секогаш ме потресуваат вакви ситуации. Тоа е природна емоција што не може да се сокрие“, рече Ирена.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе