Подољак: Русија може да го „уценува“ светот во екот на глобалната прехранбена криза

Глобалните ефекти од руската инвазија на Украина се чувствуваат надалеку, при што уништената земјоделска индустрија во земјата предизвикува недостиг на основни прехранбени производи како пченица, сончогледово масло и пченка.

Фото:Скриншот

Главниот советник на украинскиот претседател предупреди дека Русија намерно има за цел да го „убие“ потенцијалот на неговата земја и да го „уцени“ светот со уништување на земјоделската индустрија на Украина и блокирање на нејзините црноморски пристаништа за да ја влоши глобалната криза со храна.

„Русија не само што се обидува да се бори против Украина идеолошки, туку Русија ја уништува и нашата извозна инфраструктура за жито“, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за Радио Слободна Европа.

Една од првичните руски цели на војната меѓу другото беше да се нападне оваа инфраструктура и да се убие потенцијалот на Украина“, рече тој.

Глобалните ефекти од руската инвазија на Украина се чувствуваат надалеку, при што уништената земјоделска индустрија во земјата предизвикува недостиг на основни прехранбени производи како пченица, сончогледово масло и пченка.

Блокадата на руските бродови и поморските мини остави украинско жито во импровизирани силоси низ целата земја, особено во пристанишните градови како Одеса, кои се наоѓаат долж главната извозна рута во Црното Море.

Бидејќи војната доведе до пораст на цените и се зголемија стравувањата од недостиг на храна во земјите во развој, Светската програма за храна на ОН побара од Москва да ги деблокира украинските пристаништа со цел да ги пласира украинските земјоделски производи на пазарот.

Како одговор рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко на 19 мај рече дека пристаништата може да се деблокираат доколку Западот ги укине санкциите кон Русија.

Подољак, кој е главен украински преговарач со Русија ги предупреди земјите што подлегнале на рускиот притисок, велејќи дека тоа само ќе доведе до нови барања и уште поголемо крвопролевање во Украина.

„Русија постојано ги зголемува своите влогови, доколку, на пример, се согласите да укинете некои од санкциите кон Русија тогаш таа на крајот ќе продолжи да го ескалира конфликтот во Украина и ќе продолжи да поставува нови услови“, рече Подољак.

Легенда под Главна слика

Фото:Скриншот

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе