Советникот на Зеленски

Подолјак му одговори на Путин: „Сѐ ли гледате преку Сталиновата математика?“

Михајло Подолјак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, одговори на заканата од Владимир Путин, кој рече дека „Русија уште не ни почнала во Украина“.

Фото: ЕПА

„37.000 мртви руски војници. Заедно со ранетите, тоа се 98-117 илјади луѓе. Елиминирани се 10 генерали. 1.605 тенкови, 405 авиони и хеликоптери се претворени во отпад. Русија сè уште не ни почнала да се бори? Зарем Кремљ ја гледа војната користејќи ја Сталиновата математика - 20 милиони мртви?“, праша Подолјак на Твитер.

Предупредувајќи ги оние што „можеби мислат дека Русија веќе ги исцрпила своите капацитети во конфликтот“ рускиот претседател вчера порача: „Денеска слушаме дека сакаат да бидеме поразени на бојното поле. Па, нека се обидат. Ние всушност уште не сме ни почнале“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе