Поднесени првите обвиненија за случајот „Панама документи“

Американското федерално обвинителство поднесе обвиненија против четири лица обвинети за вмешаност во меѓународната финансиска измама позната како „Панама документи“.

Како што јавува Асошиејтед прес, првите обвиненија се поднесени во САД за финансискиот скандал, и во нив во 11 точки се наведуваат обвинувања за заговор, измама, избегнување данок и перење пари. Обвинети се двајца германски државјани, еден Американец, како и еден државјанин на Панама.

Ројтерс наведува дека тројца од нив се веќе уапсени. Харалд Јоаким фон дер Голц, кој бил клиент на панамската адвокатска куќа Мосак Фонсека, беше уапсен во понеделникот во Лондон, Дирк Брауер, службеник на компанија која била поврзана со таа адвокатска куќа, беше уапсен во Париз на 15 ноември, а Ричард Гефи, сметководител со седиште во САД, беше уапсен во вторникот во државата Масачусетс.

Обвинителството наведе дека адвокатската куќа Мосак Фонсека стои зад заговорот со цел да се заобиколат американските даночни закони.

Измамничката шема траела со децении и опфаќала лажни фондации и компании во Панама, Хонг Конг и на Британските Девствени Острови, за да се скријат сметките од американската даночна служба.

Четвртиот обвинет, Рамсес Овенс, бил правник во Мосак Фонесека и сѐ уште е на слобода.

Најсериозните точки од обвиненијата носат можност за затворска казна од 20 години.

„Панама документите“, колекција од над 11 милиони тајни финансиски извештаи, претставуваат илустрација како некои од најбогатите луѓе во светот ги кријат своите пари и избегнуваат плаќање данок.

Нив прв ги објави Зидојче цајтунг во 2015 година, откако ги доби од анонимен извор од Мосак Фонсека, а потоа делови од извештаите објавуваа медиумите низ целиот свет.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе