Рускиот парламент привремено суспендиран

Поднесен предлог да му се дозволи на Путин повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година

Активностите во руската Дума се привремено во прекин, а се очекува попладнево да се обрати претседателот Владимир Путин. Прекинот следи по предлогот за измени на ограничувањата на претседателските мандати.

Идејата доаѓа од Валентина Терешкова, пратеничка од владејачката партија „Обединета Русија“, која е исто така позната по тоа што беше првата жена во вселената. Таа сака да му даде шанса на актуелниот шеф на државата да се натпреварува на претседателските избори во 2024 година.

Според постојните правила, Путин по завршувањето на сегашниот мандат, негов четврти треба да се повлече. Но, со наводните уставни измени за кои сега се дискутира ќе се ограничат идните претседатели на само два мандати. Терешкова сака да му овозможи на Путин да има право на уште два мандати пред да биде обврзан со новите ограничувања.

Во својот говор, таа рече дека во ситуацијата со која Русија сега се соочува (економски и политички) постојат „непредвидливи ризици“ што значи дека е потребно „веродостојно осигурување“.

„Ова осигурување, јас сум 100% сигурна, е од силна претседателска моќ и морален авторитет на лицето кое ја извршува функцијата“, објасни Терешкова. „Прашањето не е всушност за него (Путин), тоа е за нас, граѓаните на Русија и нејзината иднина… зошто да се прават какви било вештачки структури? Сè мора да биде искрено и транспарентно“, рече Терешкова, пренесе РТ.

Нејзиниот говор беше дочекан со аплауз. Шефот на парламентарната партија на Обединета Русија, Сергеј Неверов рече дека ќе поддржи ваков амандман. Во меѓувреме, Вјачеслав Володин претседател на домот, рече дека иницијативата бара консултација со самиот претседател и лидерите на сите партии во Дума.

Володин им рече на новинарите дека самиот Путин ќе дојде во парламентот по 15 часот по локално време и ќе им се обрати на пратениците.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе