Подморница од „загубената флота на Хитлер“ најдена 70 години по потопувањето во Црно Море (ВИДЕО)

Остатоците од германска воена подморница, една од „загубената флота на Хитлер“, која била потопена во Црно Море за време на Втората светска војна, е најдена и снимена како дел од нов документарец.

Подморницата У-23 лежи на 40 метри под површината на водата, на 3,7 километри од брегот кај Агва, популарно одморалиште на стотина километри од Истанбул. Остатоците биле најдени за време на снимање документарец продуциран од турската телевизија ТРТ и турската морнарица.

Снимките се направени од страна на ТЦГ Акин, брод на турската морнарица што се користи за спасување подморници, и кој покрај другата опрема има и далечински управуван подводен дрон со камера, кој може да оди до длабочини од 1.000 метри.

Локацијата на У-23 во 2008 година ја претпоставил турскиот морнарички инженер Селџук Колај, а ова откритие дава дефинитивен доказ на неговата теорија. Во 2008 година нуркачи ги најдоа остатоците од У-20, друга подморница од флотилата од шест брода која била испратена да ги напаѓа руските бродови во Црното Море.

Двата брода биле дел од пратката од шест подморници од Германија во Романија на почетокот на војната, и стигнале во пристанишниот град Констанца во делови. Причина за невообичаениот транспорт била Турција, која била неутрална во војната и била обврзана од Конвенцијата од Монтро да не дозволи воени бродови да минуваат низ Босфор и Дарданелите.

За две години флотилата потопила десетици бродови, и изгубила три од своите, пред Романија да ја смени страната во 1944, по што германските капетани добиле наредба да ги растурат подморниците.

Шесте подморници (У-18, У-19, У-20, У-21, У-22 и У-23) станаа познати како „загубената флота на Хитлер“ и беа инспирација на неколку подводни експедиции за нивно наоѓање.

Единствената подморница која досега не е најдена е У-19. Се верува дека пловилото „се крие“ крај брегот на турската провинција Зонгулдак, на длабочина од 450 метри.

Документарецот „Сина страст“ треба да биде прикажан наскоро, ја пренесува Дејли сабах изјавата на режисерот Хакан Аслан.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе