Подгорица против Харадинај: Прашањето на демаркацијата со Косово за Црна Гора е завршено

Прашањето на демаркацијата на границата со Косово за Црна Гора е завршено, изјави црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.

„Имаме многу добри односи со Косово и не се сомневаме дека така ќе се продолжи. За Црна Гора ова прашање е завршенно и нема повеќе да се враќаме на него“, кажа Дармановиќ.

„Веруваме во демократскиот капацитет на институциите на Косово и трпеливо ќе го чекаме конечното решение на разграничувањето со Косово“, истакна црногорскиот министер, а пренесуваат црногорските медиуми.

Новиот косовски премиер Рамуш Харадинај, веднаш штом застана на челото на владата, ја распушти комисијата за демаркација на границата со Црна Гора.

Харадинај и неговата Алијанса за иднината на Косово го обвинија поранешниот пеф на комисијата дека дејствува против интересите на Косово и дека Косово губи територија, а ревизија на процесот на демаркација беше едно од првите ветувања на новиот премиер пред стапувањето на функцијата.

Се огласи и амбасадата на САД во Приштина со порака дека САД не поддржуваат каква било верзија на договорот околу тоа прашање, освен оној потпишан во 2015 година, пренесуваат приштинските медиуми.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе