Денеска

Подгорица осамна преплавена со албански знамиња (ФОТО+ВИДЕО)

Еди Рама во новогодишната порака рече дека отворањето на границата со Косово е само почеток и дека се планира истата постапка и со Црна Гора, Македонија и Грција.

Подгорица денеска осамна преплавена со албански знамиња, во пресрет на доаѓањето на албанскиот претседател Илир Мета.

Мета, по покана од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, утре пристигнува во официјална посета на Црна Гора.

Мета ќе се состане со претставници на албанските партии во Црна Гора. Ова му е втора посета на Црна Гора во последните шест месеци.

„Кога ќе се погледне Подгорица преплавена со албански знамиња, се стекнува впечаток дека планот на албанскиот премиер Еди Рама за укинување на границата со Црна Гора е постигнат“, вели црногорскиот портал ИН4С.

Еди Рама во новогодишната порака рече дека отворањето на границата со Косово е само почеток и дека се планира истата постапка и со Црна Гора, Македонија и Грција.

„Верувам дека на пролет границата меѓу Албанија и Косово ќе биде по критериумот на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина, по истиот принцип очекуваме и модификација на границите со Македонија, Црна Гора и Грција“, рече тогаш Рама.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе