Поддржувачите на Викиликс се мобилизираа за да го спречат Еквадор да го избрка Асанж од амбасадата во Велика Британија

Поддржувачите на Викиликс и Џулијан Асанж ги кренаа гласовите и покрај обединетоста на институциите да ги замолчат, по објавата дека основачот на Викиликс ќе биде протеран од амбасадата на Еквадор во следните „часови до денови".

Од преносот во живо од пред еквадорската амбасада во Лондон се гледаат неколку шатори распоредени околу влезот каде приврзаниците се собраа за опколениот новинар кој стана како затвореник во амбасадата во која побара политички азил пред седум години. „НЕ ПРОТЕРУВАЊЕ“ со лед светла е напишано на тротоарот пред амбасадата, додека бројни камери се поставени преку улицата.

Викиликс ја извести јавноста за претстојното протерување на Асанж - во следните „часови до денови“, според висок еквадорски извор од четвртокот, потврдувајќи дека владата на Еквадор ќе го искористи објавувањето на ИНА документите, кои го вклучуваат претседателот Ленин Морено и неговото семејство во обемен корупциски случај, како изговор да се одземе неговиот азил.

Додека Викиликс не ги објави документите, Морено го обвинуваше весникот, и Асанж, за поддршката од дома, жалејќи му се на секој кој што ќе слушаше дека новинарот „го прекршил“ договорот за азил.

Друг еквадорски владин извор го потврди оригиналниот извештај. На Асанж му беше доделено еквадорско државјанство во јануари 2018 година и, иако се претпоставува дека откако ќе биде уапсен од страна на властите во Велика Британија - за одбегнување кауција по обвиненија кои оттогаш се повлечени - ќе биде екстрадиран во САД, каде што обвинение со негово име случајно беше објавено минатата година, изгледа дека еквадорскиот устав ќе биде пречка, како што истакна еден коментатор, пренесе РТ.

Истакнати приврзаници преку Твитер ја објавија својата поддршка и ги повикаа лондончани да внимаваат на амбасадата.

Викиликс објави документи за секоја инволвирана влада и ја обелодени поврзаноста на домашните проблеми на Морено со било кое дејство на Асанж, посочувајќи дека Фидел Нарваез, поранешен конзул на Еквадор во Лондон, изјави дека Морено само бара „лажен изговор“ за да го прекине азилот на новинарот и „да потклекне под притисок на САД“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе