Поддржувачите на Трамп се закануваат: „Ќе влеземе во владините згради и ќе убиваме полицајци и агенти“

Знаци на предупредување беа видливи со недели, денови и часови воочи упадот на приврзаниците на Трамп во Конгресот. Десничарските групи на социјалните мрежи повикуваа на граѓанска војна, убиства на политичари и напади врз полицијата, а екстремистите сега сè погласно повикуваат на насилство воочи инаугурацијата на Џо Бајден, пишува Си-ен-ен.

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

„Трамп или војна. Денес. Толку едноставно.“

„Ако не знаеш да пукаш: Мора да научиш. Сега.“

„Ќе упаднеме во зградите на владата, ќе убиваме полицајци, ќе убиваме чувари, ќе убиваме федерални вработени и агенти и ќе бараме пребројување на гласовите“, се само неколку примери од насилните објави.

Приврзаниците на претседателот Трамп упаднаа во зградата на Конгресот во средата и ја прекинаа седницата за да ја спречат потврдата на победата на поранешниот американски потпретседател Бајден на претседателските избори. Во немирите загинаа пет лица, вклучително и еден полицаец, а експертите предупредуваат дека повиците за насилство само се засилени пред инаугурацијата на Бајден.

„Забележуваме преписки меѓу поборниците за надмоќ на белците, десничарските екстремисти, сите се чувствуваат охрабрени во моментов“, рече Џонатан Гринблат, извршен директор на Лигата против клевета (АДЛ).

„Очекуваме ова насилство всушност да се влоши пред да стане подобро“, предупреди Гринблат.

Трамп прво ги повика приврзаниците да тргнат на Капитол, а по упадот во Конгресот ги замоли да останат смирени и да си одат дома, но тој ги повтори неоснованите обвинувања за кражба на претседателските избори. Републиканските лидери, вклучително и потпретседателот Мајк Пенс и лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, најостро ги осудија бунтовниците, но се чини дека нема влијание врз радикализираната десница.

„Трамп ќе положи заклетва за втор мандат на 20 јануари“, напиша коментатор на про-Трамп онлајн форум во четвртокот, еден ден откако толпата упадна во Капитол.

„Не смееме да им дозволиме на комунистите да победат. Дури и ако треба да го запалиме Вашингтон до темел“, додаде тој.

Џон Скот-Реилтон, истражувач во Ситизен лаб, група од Универзитетот во Торонто, која ја надгледува сајбер безбедноста, рече дека е страшно загрижен поради инаугурацијата.

„Иако пошироката јавност беше згрозена од она што се случи во Конгресот, во одредена преписка меѓу десничарите она што се случи се смета за успех“, изјави Скот-Реилтон за Си-ен-ен.

Тајната служба соопшти дека планот за Бајденовата инаугурација долго се подготвувал.

„Инаугурацијата на претседателот на Соединетите Држави е основен елемент на нашата демократија. Безбедноста на сите кои учествуваат во претседателската инаугурација е од најголема важност“, рекоа тие.

Во деновите и седмиците пред нападот на Конгресот, имало многу знаци дека протестите можат да се претворат во немири.

Адванс демокраси, непартиско надзорно тело, предупреди на бројни објави на социјалните мрежи кои поттикнувале насилство. На пример, шест дена пред немирите, имало 1.480 објави од профили поврзани со Кјуанон кои се однесувале на настанот и содржеле насилна реторика. Во извештајот се наведува дека на Парлер, мрежа како Твитер, можело да се прочитаат повеќе објави со изјави како „војната започнува денес“.

На 4 јануари, АДЛ објави долг блог за закани за насилство поврзани со претстојниот собир.

„Како одговор на прашање на корисник кој бил заинтересиран што ќе се случи ако Конгресот ги игнорира ‘доказите’ дека претседателот Трамп победил на изборите, друг корисник одговорил:  ‘Нападнете го Капитол’“, објави АДЛ.

АДЛ наведе бројни постови кои заговарале насилство на десничарската страница Победа за Доналд (thedonald.win) во последните неколку недели, вклучително и една кон крајот на декември.

„Ќе мора да оствариме вистинска тактичка победа како упад и окупација на Капитол со цел да го постигнеме посакуваниот ефект“, се вели во таа објава.

Роберт Доџ, претседател на корпоративни служби во Г4С, кој издаде предупредување на 4 јануари, рече дека во изминатите месеци забележал „многу загрижувачка и непријателска реторика што во нашиот свет ја нарекуваме индикатор на закана“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе