Поддршка за руската медицинска сестра за коронавирус која под проѕирното одело носела само долна облека

Медицинската сестра Надежда Жукова, која била фотографирана во ковид болницата во Тула, Русија само во долна облека под заштитното одело, со што стана популарна ширум светот, доби поддршка од локалното население на рускиот град Самара, чии жители се фотографираа во заштитни одела само во долна облека.

Фото: Твитер

Жителите на Самара направиле „флешмоб“, перформанс за поддршка на медицинската сестра во долна облека, со тоа што облекле заштитно одело на здравствени работници над долна облека, се фотографирале и ги споделиле фотографиите преку социјалните мрежи, пишува Комсомолска правда, пренесува порталот Спутник.

Како што велат, тие сакале да ја поддржат Надежда Жукова, но и самите да пробаат како е да се работи во заштитно одело.

Жителите на Самара ги повикале и другите луѓе да испробаат како изгледа работата во заштитно одело и да ја поддржат медицинската сестра од Тула.

Кога нејзината фотографија се појави на Интернет, против медицинската сестра е започната дисциплинска постапка, но таа сепак нема да биде казнета, затоа што доби поддршка од многумина.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе