Под надзор на ОБСЕ

Украинската војска и бунтовниците се повлекуваат, испукани сигнални ракети (ВИДЕО)

Украинската влада и проруските бунтовници го почнаа повлекувањето на своите сили во клучниот сектор на линијата на фронтот во источна Украина, соопшти денес украинската војска.

„Повлекувањето на војниците и вооружувањето почна“, им изјави на новинарите високиот воен функционер Богдан Бондар.

Новинската агенција на бунтовничката Доњецка народна република пренесе дека „властите (на Доњецк) го поздравуваат почетокот на повлекувањето на оружјето и војниците“.

Операцијата е детално договорена, и почна нешто по пладне по локално време, со испукување сигнални ракети од двете страни, бели како знак дека двете страни се спремни а потоа и зелени за почетокот на повлекувањето.

Под надзор на набљудувачите на ОБСЕ, војниците од двете страни тргнаа во уредно отстапување и се повлекоа за по еден километар.

Раздвојувањето беше планирано за понеделникот а потоа за петокот, но беше одложено поради размената на оган во таа област.

Претходно до повлекување на трупите дојде еднаш во јуни и кон крајот на октомври.

Оваа недела шефот на украинската диломатија Вадим Пристајко кажа дека повлекувањето во областа на селото Богдановка е „последниот предуслов за организирање на четиристраниот самит“ на лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција.

Пристајко изрази надеж дека средбата на Владимир Путин, Володимир Зеленски, Ангела Меркел и Емануел Макрон би можела да се случи уште месецов во Париз.

Тоа би бил првиот чекор на тоа ниво во решавањето на украинската криза од 2016 година.

Москва досега го условуваше продолжувањето на преговорите со повлекувањето на војниците од три сектори на фронтот.

Обидите да се дојде до мир добија нов поттик со доаѓањето на Зеленски на чело на Украина во мај, меѓутоа повлекувањето на трупите предизвикува голема загриженост во Украина, пред сѐ меѓу ветераните.

Зеленски, меѓутоа, не престанува да повикува на самит, надевајќи се дека така ќе заврши конфликтот.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе